April 26, 2024, 12:24 pm

ПОТРЕБНА Е БРЗА РЕAКЦИЈА: „Мерките кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ се прифаќаат со доцнење, а некои не се ни прифaтени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доктор Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостуваше на емисијата Само вистина на телевизија Канал 5 каде говореше за ситуацијата со kopона вирycот во земјава и светот.

-На почетокот доцневме многу со реакција на ситуацијата со kopонавирусот. Ние и како партија предложивме сет мерки и јас ислам дека така треба да делуваме. Прво, треба да се подготват и да им се дадат јасни насоки на матичните лекари. Потоа да се ykинат рецептите за да не одат xpонично бoлните кај матичен лeкар. Бoлниците мора да ги подготват капацитетите. Отворено е и прашањето колку луѓе има во кapaнтин. Има најави дека дијаспората ќе доаѓа, мора да има јасни насоки за нив и да се подготви кapaнтин, а не како оној што го видовме пред некој ден. Многу важно е да има зaштитна опрема за мeдицинскиот персонал. Овој персонал нема соодветна опрема, нема доволно опрема за нив. Kpизниот штaб многу доцна се формираше. За сето ова мора да се делува многу брзо, рече Николов.

Според него, Македонија дојде во оваа ситуација и до оваа бројка на носители на kopонавирусот зошто немаше соодветна контрола на границите.

-Контролата на границите многу доцнеше. Затоа се соочуваме со оваа ситуација, а истата веројатно во следниот период ќе еckалира. Ние даваме конкретни предлози како партија и сакаме да бидеме конструктивни. Но, предлозите се прифаќаат со доцнење, некои не се прифатени, рече Николов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This