April 25, 2024, 10:10 am

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА: Ако сакате да работите како бејбиситер во Германија, ова се потребните документи за виза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таксата за апликацијата изнесува 75.- евра. Сите документи треба да се достават во оригинал и 2 копии. При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:

Два формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви), две биометриски фотографии од понов датум, пасош со доволна важност, во оригинал и две копии.

Au-Pair-договор со фамилијата, во оригинал и две копии, потпишан од двете страни (фамилијата во Германија и дадилката). Договорот треба да ги содржи сите потребни податоци, пред се почетокот и крајот на престојот како Au-Pair, опис на активностите, број и возраста на децата, примањата, здравственото осигурување. Пример за договор може да добиете на интернет адресата: https://www.arbeitsagentur.de/unternehmen/arbeitskraefte/au-pair.

Мотивационо писмо, со наведување на причините за престојот како Au-Pair во Германија, своерачно потпишанo на македонски или албански јазик, во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии, дополнително кај студенти: потврда од факултет, во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии.

Забелешка: Потребните основни познавања на германскиот јазик ќе се проверуваат при поднесување на барањето.

Работниот однос како Au-Pair најрано може да се започне со навршена осумнаесетгодишна возраст. Барањето за виза за престој може да се
поднесе најдоцна на 26 години. Барањето не смее да се поднесе порано од 6 месеци пред договорениот почеток на дејноста како Аu-pair.

Можен е само еден престој како Au-Pair. Ве молиме обрнете внимание: Покрај наведените документи во одредени случаи може да се побараат и дополнителни документи. Времетраењето на обработката по правило изнесува 3 месеци.

Извор: Германска амбасада Скопје

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This