April 19, 2024, 12:19 pm

Потребни се две дози на вaкцина за зaштита од Делта варијанта на кopонавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потребни се две дози на вакцина за заштита од Делта варијанта на коронавирусот, соопшти денеска Европската агенција за лекови (ЕМА).

Европскиот регулатор исто така ги повика земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат програмите за вакцинација, додека многу заразната варијанта Делта забрзано се шири низ целиот свет.

„Според првичните податоци, потребни се две дози вакцина против Ковид-19 за соодветна заштита од варијантата Делта“, се вели во соопштението на ЕМА.

„Почитувањето на препорачаниот распоред за вакцинација е клучен за постигнување на највисоко ниво на заштита“, додава ЕМА, која препорачува употреба на две дози на Фајзер/Бионтек, Модерна или Астра Зенека. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This