April 20, 2024, 12:56 am

ПОТРЕСНИ СОЗНАНИЈА ЗА УБИЕНОТО МАКЕДОНСКО СЕМЕЈСТВО ВО КАНАДА: Можело да има повеќе жртви!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се појавија нови откритија и првите фотографии на Бугарката и нејзините деца, кои беа убиени во нивниот дом во Онтарио, на околу еден час од Торонто. Полицијата во градот ги пронашла телата на 39-годишната Красимира Пеичиновски, 15-годишниот Рој Пеичиновски и 13-годишната Веналија Пеичиновски во нивниот дом во средата утрото по јавување на сосетка.  Жената отишла да ја провери Красимира откако таа не се појавила на работа. Кога полицијата пристигнала во домот, Красимира и Рој биле мртви, а Веналија била транспортирана до болница каде умрела од последиците од повредите, вечерта во средата.

-Таа беше секогаш насмеана, учтива, секогаш многу нежна и добра. Никогаш не ја слушнавме да подигне тон. Никогаш со никого не се караше. Беше прекрасен човек – вели Вања Димова, која ја познавала Красимира уште пред да се пресели во Канада. Таа сè уште не може да си објасни како дошло до тоа тројно убиство.

За трите убиствата е обвинет 29-годишниот Кори Фан кој изгледа бил момче на Красимира, но не е татко на децата.

-Изгледа бил под влијание на дроги или лекови. Јас не можам да си го објаснам тоа, таа никогаш не беше човек кој влегува во конфликт со друг човек – вели Вања.

Соседите раскажуваат дека Фан одел секој ден на фитнес и може да земал стероиди и други стимулативни супстанци.

-Таа се обидела да се раздели со овој човек, врската не била сериозна. Таа не сакала да биде во врска со него. Тој едноставно не и давал шанса да се разделат – раскажува Вања.

Фан има претходна пресуда за напад на полицаец во 2009 година и за уништување на странска сопственост во 2011 година. И во двата случаи казната била 12 месеци условна казна. Тој е уапсен во средата вечерта во дом во јужниот дел на Ошава откако полицијата го пронашла црниот пикап напуштен на околу 10-тина минути од местото на крвавото дело. Се уште не се познати резултатите од аутопсијата, но според полицијата на телата на тројцата имало видливи траги од повреда и удари. Пријатели на двојката велат дека Кори бил вљубен во Красимира и бил многу љубоморен.

Красимира е родена во Пловдив. Таткото на децата е Македонец, но одамна се разделени со мајката. Третото дете, ќерка на 16 години била излезена за време на инцидентот и тоа ја спасило.

Ќерката на соседот Пат Џордан била пријателка со убиената Веналија. Кога видел полиција во соседната куќа се вознемирил, бидејќи неговата ќерка требала да биде на гости токму во домот на Пеичиновски.

-Мислев дека мојата ќерка е во оваа куќа. Во последен момент таа си ја смени одлуката и отишла во друга куќа, инаку којзнае што можеше да се случи – вели тој за CBC.

15-годишниот Рој Пеичиновски бил ѕвезда на хокеарскиот тим и учел во приватно училиште каде исто играл хокеј.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This