ПОТРЕСНИ СЦЕНИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ: Делови од Италија претворени во урнатини (ФОТО/ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -

Како што пренесуваат италијанските медиуми, денешниот земјотрес ги урна и оние згради, куќи и цркви што го преживеале потресот во средата

Фото: Твитер

- Advertisement -

Земјотрес со јачина од 6,6 степени утрово околу 7 часот ја погоди централна ИталијаНаселението од ова подрачје сè уште е во шок од силниот земјотрес што се случи во средата, во кој десетици лица беа хоспитализирани.  

Како што пренесуваат италијанските медиуми, денешниот земјотрес ги урна и оние згради, куќи и цркви што го преживеале потресот од во средата.

На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии кои ја покажуваат разорната моќ на потресот, во кој според досегашните информации нема жртви.

Во централна Италија е предизвикана е огромна материјална штета, а уништени се цркви и катедрали стари неколку векови. Денешниот земјотрес следува по серијата потреси во земјата во изминатите пет дена.

Бил почувствуван и во подрачјето во близина на границата со Австрија како и во главниот град Рим.

Серија силни земјотреси го погодија истиот регион и во средата навечер. Првиот потрес беше регистриран во 19:10 часот со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала. Вториот беше многу посилен со магнитуда од 6,1 степени. На 24 август, пак, истото подрачје го погоди земјотрес во кој загинаа речиси 300 лица.

From SkyTG24: firemen assisting nuns in Norcia as quakes continue to bring that city to its knees:  

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This