April 19, 2024, 11:37 am

ПОТРЕСНО ПИСМО ОД СИН ДО СВОИТЕ РОДИТЕЛИ: „Каде да се вратам? Таму каде што ќе ме остават без леб само затоа што не сум од нивната партија?!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Млад Македонец, кој поради условите во родната земја морал да замине на гурбет во странство, испрати писмо до нашата редакција со замолница да биде објавено анонимно, бидејќи, како што вели, се грижи неговите родители да не бидат мета на уцени, закани и притисоци

„По не знам кој пат го завршувам разговорот на Скајп со моите, со нивното фамозно прашање ‘Кога ќе се вратиш тука?’. Немам повратен одговор, го избегнувам прашањето и се трудам да не одговорам, не сакам, не затоа што не можа, туку знам дека мојот одговор нема да им се допадне. Во главата само си помислувам ‘Зошто да се вратам?’ Во земја каде имаш профсори кои сѐ помалку те инспирираат, каде што најчесто подлизурковци, со третокласно знаење стануваат искомплексирани асистенти, кои потоа своите фрустрацииќе ги истурат врз студентите. Каде секој втор збор е мито, каде секој гледа да стигнедо диплома и да фати врски за вработување. Каде што образовниот систем продуцира полуписмени студенти кои подоцна ќе бидат причина за катастрофални грешки?

Каде да се вратам?

Каде што ќе работиш како стока од утро до мрак, за без пари, богатејќи го ненаситниот кој ќе ти ги додели сите позиции од шофер, до бејбиситер, преку шопинг асистент на неговата сопруга, кои секако не влегуваат во твојот работен опис, притоанема да добиеш ни трошка почит? Таму кај што треба да си го продадам гласот, да си го дадам задникот на закуп под кирија и да играм по ноти кои не ми се мили на увото. Таму каде што нема воопшто да го ценат мојот морал, интегритет, мојт квалилитет и моите вредности, таму каде што ќе ме претворатво едно безлично, бесчуствително суштество кое ќе стане дел од една корумпирана елита која не нои ништо нов?

Каде да се вратам?

Каде што самохрани мајки се бркаат од работа само затоа што не се гласачи на една партија, каде што студентските легла се полни со деца на големци, а оние кои со социјална помош пуштаат деца да учат ги отпишуваат затоа што становите им се прескапи. ОНаму каде што интелектуалата елита краде од народот, а студентите се оставени со сиромашни оброци, да гладуваат по студентски домови, додека стигнат до она што го сонуваат.

Каде да се вратам?

Во тие кучешки услови, сите би сакале поинаку, но каков избор имаме. Не дека е подобро, туку тоа е поефтин. Се жртвуваме себеси, само за да поминеме ефтино. Нели е тоа трагично? Таму каде што ќе деш храбар и ќе го кажеш она што мислиш, а тоа е поразлично од лпата ќе бидеш јавно обвинет и исплукат поради своите верувања. Каде што секој знае сѐ од сите области и трска со рацете на слави по масата, за да се истакне и да биде виден од другите. Каде што повишен тон од некој на позиција се цени повеќе од делата на оној паметниот што ќе сработи во тишина?

Каде да се вратам?

Каде што луѓето немаат мотивација, половина од нив поради тоа што немаа да јадат б, а половина поради тоа што кренае раце од сите неправди на кои биле сведоци. Каде што се трошат пари за глупости, а умираат деца од примитивни болести.

Каде да се вратам?

Престанав да се борам со ветерници, застанав со исправање ‘криви дрини’. Мене срцето ми се кине што мора да биде вака, но ние нормалните, оние колку што осанавме не можеме да го искорениме неморалот и алчноста за моќ и пари, тоа безредие кое владее во таа нивна шефовска хиерархија. Колку и да ми недостигате, кога ќе стигнам таму повторно ќе се соочам, кога ќе видам ништо не се променило ми доаѓа само да ве прегрнам и да го фатам патот назад. Овде можеби не цветаат рози и не врнат пари од небото, но барем има некаков ред. Правилен начин по кој се живее еден живот, а ако нешто сакав во животот, тоа беше секоја единка да има достоен живот. Нешто што кај нас со текот на времето, за жал стана луксуз“ – пишува младиот Македонец во својот одговор до неговите родители.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This