Потресно сведоштво: Ќе спиеш ли мирно Филипче до големиот суд каде ќе се мерат солзите и тагата на децата?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Интегрално го реобјавуваме статусот и текстот на социјални медиуми кој беше објавен од сестра на жртва од Ковид-19 и нивното патешествие во здравствениот систем на Македонија:

@Венко Филипче Солзите во очите на двете деца на мојот брат, млад човек 40, кој бори за живот на респиратор, не ми дозволуваат да ти се обратам со „почитуван“, „господин“, „Вие“ или министер, во кого верувавме, освен со едно обично Венко Филипче,. Повели, дојди, посети ги децата, па така смирено увери ги дека се е под контрола и дека повторно ќе бидат во прегратките на својот татко, бидејќи ние не знаеме како да го сториме, а ти си умешен во убедувањето „ се е под контрола“.

На нас фамилијата, која со денови го гледа хорор филмоткажете ни дека пациентите доцна се јавуваат на лекар!!!!

Имено според убиствените протоколи кои се донесени е постапенопријавувањето во ГОБ, каде што со мал наод на белите дробови и „не е страшно“, вратен на домашно лекување, за утредента Инфективна клиника да биде критично, а за само 4 дена во Клинички центар, да се бара спас во приватна клиника.

Не, не, Венко, пациентот не е авен доцна, туку пациентите се хоспитализираат предоцна поради хаваријата на здравствениот систем.

Ништо не е под контлрола, напротив, твоето „се е под контрола“ сега ни преостанува само на господ да се молиме.

Ќе спиеш ли мирно до големиот суд, каде што ќе се мерат солзите и тагата на децата, а и на други деца досега!!!???

@Венко Филипче, солзите во очите на двете деца на мојот брат, млад човек 40 год., кој се бори за живот на респиратор, не…

Posted by Tanja Burnik on Monday, November 16, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This