Потрошил 33.000 фунти за да личи на Дејвид Бекам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мажот кој потроши дури 33.000 фунти обидувајќи се да изгледа како Дејвид Бекам неодамна доживеа несреќа од како во неговиот стан изби пожар кој речиси го уби, а тој вели дека тој настан го направи да биде уште посигурен во одлуката дека сака да изгледа како својот идол.

Џек Џонсон од Нотингемшир поминал 24 часа во кома поради тоа што вдишил премногу чад откако во неговиот еднособен стан изби пожар, пренесува Дејли Меил.

“До крајот на животот нема да престанам со своите намери да бидам како Дејвид Бекам. Јас сега не изгледам како него, но ќе продолжам да се обидувам. Со оглед на тоа дека речиси умрев, сè уште сум одлучен во своите намери”, рекол Џонсон.

Инцидентот се случил во четвртокот на 8 ноември, а настана откако Џонсон или Џек Бекам, како што е потпишан на социјалните мрежи одлучил да прави вафли на кои не внимавал бидејќи сурфал на Интернет. Експлозијата настанала, бидејќи деодорантот се наоѓал во близина на пламенот.

“Експлозијата ме фрли неколку метри наназад. Кога излегов од станот, паднав во несвест. Се разбудив од 24 часовна кома во болница. Изгубив сè. Покрај тоа имам многу долгови, а сега имам уште повеќе поради тоа што немав осигурување. Пожарот ме уништи”, рекол Џонсон.

Џек рекол дека потрошил 33.000 фунти во текот на својот живот за да изгледа како неговиот идол Дејвид Бекам, а парите ги потрошил на естетска хирургија на носот, брадата, липосукција, ботокс и слично. Тој исто така купува иста облека како него и често се задолжува поради тоа.

Неговата следна цел, кога станува збор за естетските корекции е измената на структурата на коските. Тој веќе отстранил три ребра за да може да носи исто број на облека како Дејвид Бекам.

“Немам проблем со мојот изглед, но едноставно сакам да изгледам како Дејвид Бекам, еден од најзначајните личности во Велика Британија”, заклучи Џонсон.
Извор:zazabava.com

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This