ПОУЧНА ПРИКАЗНА: На луѓето не можеш да им угодиш, за да живееш среќно не се ни труди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден татко имал две ќерки. Едната била омажена за градинар, а другата за циглар.

Еден ден таткото отишол да ја посети жената на градинарот и ја запрашал како и оди во животот.

Се е во ред – му одговорила таа. Имам само една единствена желба: Да заврне силен дожд, за да пркнат растенијата на мојот сопруг.

Следниот ден таткото отишол да ја посети својата помала ќерка. Ја запрашал и нека како и оди во животот.

Таа исто така била задоволна но имала само една, единствена желба: Да не врне дожд, за да се исушат циглите кои ги произведувал нејзиниот сопруг.

Таткото не рекол ништо и само си помислил:

Луѓето имаат различни потреби, многу е тешко на сите да им угодиш.

Совет: За да живееш среќно, не труди се да им угодиш на другите, и онака на крај нема да бидат задоволни, ни пак ќе ти кажат благодарам. Гледај си за себе и не мешај се во туѓи работи.

ПОУЧНА ПРИКАЗНА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This