ПОЦ НАПРАВИЛЕ „ПОПАРА“ ВО ЦЕНТАР: Месецов во општина Центар пајакот на ПОЦ кренал 799 возила!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајната полиција и „Пајак службата“ на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје во текот на месец февруари санкционираа и отстранија 799 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар.

Со помош на трите специјални возила „пајак“ на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, во периодот од 01.02. до 28.02.2019 година, отстранети се 799 возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, од кои пет (5) несовесно паркирани возила биле затекнати на паркинг места наменети за лица со посебни потреби. ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, се наведува во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This