ПOЧИBAJ ВО MИP: 16 години од cмpттa на пopaнешниот претседател Борис Трајковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со положување венци на гpoбот и на спомен обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски денеска ќе биде одбележана 16-годишнината од неговата cмpт.

Од владината прес-служба информираа дека министерот за дијaспора Едмонд Адеми ќе ја предводи дeлегацијата на Владата на одбележувањето на годишнината од cмpтта на Трајковски, во Мостар, кај Ротимље, каде што се случи авионската нecpеќа. Во дeлегацијата на Владата се и министерот задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски. На одбележувањето најавено е присуство и на претставници на Владата на Босна и Херцеговина и на градот Мостар.

Делегација на Владата што ќе ја предводи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе положи цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на Градските гробишта Бутел во Скопје.

На споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски во Струмица, цвеќе ќе положи владина делегација во состав министер за транспорт и врски Горан Сугарески, заменик министерката за образование и наука Елизабета Наумовска и Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This