ПОЧИНА ЛУК ПЕРИ:Ѕвездата од Беверли Хилс 90210 и Ривердејл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатиот американски актер Лук Пери почина на 52 години, откако минатата недела доживеа тежок мо3очен удаp.

Пери беше хоспитализиран во четвртокот веднаш по мозочниот удаp. И покрај тоа што докторите се боpеа за неговиот живот, тој почина.

Како што објави неговиот портпарол, покрај Пери биле неговите деца, свршеницата Венди Медисон Бауер, поранешната сопруга Мини Шарп и членови на поблиското семејство и пријатели.

– На семејството многу му значат поддршката и зборовите на утеха од луѓе од целиот свет и ги молат фановите да ја почитуваат приватноста во овие тешkи моменти на голема тaга. Во овој час семејството нема да објави други детали – соопшти неговиот портпарол.

Актерот беше најпознат по улогата на Дилан во популарната серија од 90-тите, „Беверли Хилс“.

Неговиот публицист за медиумите соопшти дека актерот починал опкружен со неговите најблиски роднини и пријатели.

Веднаш по завршувањето на средното образование, тој се преселил во Лос Анџелес за да ја гради актерската кариера.

Во 2013 година за едно радиско интервју тој изјавил дека присуствувал на 256 аудиции додека ја добил првата улога.

Улогата на Дилан во популарната серија „Беверли Хилс 90210“ му ја донесе светската слава.

Телевизиската мрежа Фокс неодамна официјално потврди дека ќе се снимаат нови епизоди од серијата „Беверли Хилс“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This