ПОЧИНА МЛАДИОТ ,,КОМИТА“ НИКОЛА САЗДОВСКИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дваесет и едно годишниот Никола Саздовски член на навивачката група „Комити“ кој беше претепан со шипки и ножеви и кој беше во тешка состојба , во арефлексна кома,  утринава почина.

Преку социјалните мрежи неговите блиски и пријателите се простуваат од младиот Никола.

Според информациите на 30 Јуни во населбата Автокоманда. Младото момче го пресретнале четворица непознати луѓе од возило, излегле од него и почнале крвнички да го тепаат. Освен повреди од шипки, кобен за Саздовски бил и падот на тротоар од ударите, по што се онесвестува – пренесува порталот на новинарката Јорданка Ивановска – Јоци.

Во полицискиот билтен на 30-ти минатиот месец, МВР објави дека претходниот ден на 29-ти во времето од 17:30 до 17:40 часот на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“) физички бил нападнат Н.С.(21) од Скопје.

-По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот. Н.С. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”, информираа тогаш од полицијата.

Во врска со нападот кривична пријава беше поднесена против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.

Б.Б.(20), С.Д.(21) беа лишени од слобода и одредена им беше мерка притвор.

Младиот Никола по нападот поради тешките повреди беше хоспитализиран на КАРИЛ.

Мотивот не е познат, но од блиски пријатели на Саздовски тој претходно добивал закани по неговиот живот…..

Од шпекулации на социјални мрежи, нападот се поврзува со припадници на друга навивачка група која пак се поврзува со пратеникот на ДУИ Артан Груби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This