Почина најбогатиот Македонец во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера на 87-годишна возраст почина Мајк Илич, еден од најбогатите Макдонци во светот и еден од најголемите поддржувачи и долгогодишен донатор на Обединета Македонска Дијаспора (ОМД). Веста ја соопштија локалните медиуми од Детроит, каде тој важеше за исклучително почитуван и влијателен граѓанин.

20170114-koj-e-majk-ilikj-milijarderot-so-poteklo-od-makedonija-m

Илич, кој е дете на македонски иселеници, беше пример за исполнување на американскиот сон. Списанието „Форбс” во листата на најбогати лица во светот за 2016 година, оцени дека тој се наоѓа 86 место меѓу 400 најбогати Американци, како и дека од регистрираните 298 милијардери во светот, тој е на 101 место, како милијардер од САД. Неговото богатство беше оценето на шест милијарди долари.

Мајк Илич (односно Мајк Илиевски, по татково презиме), е роден во САД, а по потекло е од Македонија. Роден е 1929 година како прва генерација од децата родени во САД на Македонците Сотир, занаетчија и Султана, домаќинка. Семејството Илич го има ланецот од пицерии „Малиот Цезар” (Little Caesar’s Piza) кој е распространет во САД и во Канада, и кој се смета дека е на трето место после „Пица хат” и „Доминос”.

Илич беше сопственик и на хокеарскиот тим „Ред рок вингс”, за кого веќе се гради спортска арена со приватно-јавно партнерство која вреди 450 милиони долари. Тој беше сопственик и на бејзбол тимот „Детроит тајгерс”.

Неговата сопруга Мериен (Маријана) е исто така со македонско потекло, односно дете на македонски мигранти кои се доселиле во САД минатиот век. Таа е сопственик на казино „Мотор сити”. Илич е роден во Детроит, каде завршил основно и средно училиште. Потоа станал маринец во американската армија. Откако излегол од војска се вратил дома, при што бејзбол тимот Детроит тајгерс му понудил да игра за 3.000 долари месечни примања.

Така, периодот од 1952 до 1959 година го поминал во играње во пониските бејзбол лиги во САД. Поради повредата на коленото, го напуштил бејзболот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This