March 28, 2024, 11:16 am

ПОЧИНА ПОПУЛАРНИОТ РОКИ: Светот се простува од професионалниот борач и татко на Двејн Стен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Роки Џонсон, некогашниот професионален борач и татко на Двејн Стен Џонсон, почина на 75-годишна возраст.

 

 

Неговата смрт ја потврдиле во средата од WWE. Причината за смртта не е откриена. Џонсон чие вистинско име е Вејд Даглас Боулс, стана популарен во осумдесеттите години кога влезе во WWE светот.
Познат е под прекарот “сродна душа“. Тој се пензионираше во 1991-та година, а исто така му помагал на неговиот син во тренинзите за денес да стане холивудска ѕвезда.
Роки е роден на 24-ти август 1944-та година, а пораснал во Канада каде што како тинејџер почнал да се занимава со борење. Во тинејџерските години работел и како боксер па имал и неколку спаринг тренинзи со Мухамед Али и Џорџ Форман. Но, сепак тој го избрал борењето како професија и во индустријата влегол во 60-те години.

 

 

„Ме тепаше во сала секој ден и тоа со години. Го мразев тоа кога бев дете, но благодарен сум на тоа како маж“ – изјавил во некоја прилика Двејн.
Го зел името Роки Џонсон, а го опишувале како “физички нереален и диво харизматичен“. Останал запомнет по дроп кикот, а многумина имале впечаток дека ѝ се спротиставувал на гравитацијата.
Од него се простил и популарниот Трипл Ејџ:
„Голема загуба за секој навивач на WWE, Роки Џонсон беше изведувач кој ги рушеше бариерите. Нашите мисли се со неговото семејство во овој момент“.

 

Исто така и Мет Харди кој ѝ е добро познат на нашата публика се простил од популарниот борач:

„Тажен сум што слушнав дека почина Роки Џонсон. Роки отсекогаш беше екстремно пријателски настроен и беше љубезен секојпат кога разговарав со него во последните години. Моето сочувство и мисли се со неговото семејство

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This