ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ГЕРМАНСКИ КАНЦЕЛАР ХЕЛМУТ КОЛ: Груевски испрати телеграма со сочувство до Меркел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски испрати телеграма со сочувство до Канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел.

Во продолжение интегрален текст од телеграмата.

Со жалење и тага ја примив веста за смртта на поранешниот германски Канцелар Хелмут Кол.

Ова преставува загуба за целиот германски народ и за германската држава, како и загуба за Европската Унија во чија изградба и раст се вгради со своето дејствување и работа.

Кол беше промотор на ширење на европската интеграција кон источна Европа, како и архитект на еврото и почитувач на десничарските вредности. Обезбеди и напредок и развој на Германија и на Европа со што се запиша меѓу најмаркантните политички фигури од минатиот век.

Кол имаше и значајна улога во стекнувањето на независност на Република Македонија, подржувајќи го процесот на нејзино осамостојување и натамошен развој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This