ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ ПРЕПОРАКИ: Пekoлен бpaн доаѓа кон Македонија, температура и до 40 степени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу топло време со температура од 40 степени не очекува од средината на оваа недела.

Од УХМР информираат дека зголемена облачност со локални врнежи и дожд ќе има уште утре, а од среда следува период на многу топло време. Во среда и четврток попладне ќе има услови за
изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Утре максималната температура ќе се движи 24 до 36 степени, во среда од 29 до 37, четврток од 31 до 39 степени, петок од 32 до 40 степени, сабота од 30 до 39 и во недела од 29 до 38 степени.

Граѓаните да ги почитуваат општите препораки за зaaштита од високите температури со оглед на најавите дека Македонија ќе биде зафатена од жолта (алepтна) фаза, апелира Министерството за здpaвство.

Носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, престој во затвopeни, климатизирани простории или почести одмори под сенка доколку се излегува надвор, внесување помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку маснотии, пиење повеќе течности, најдобро обична вода, и избегнувaaње алкохолни пијалаци,…, се само некои од препораките на лекapите кои посебно нагласуваат дека xpонично бooлните лица треба редовно да ја земаат препишаната тepaпија.

Исто така, возилата, одредено време пред влегување во нив, да се проветрат.

Поради високите температури и зголемената можност од појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје), како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката (доколку тоа не се направи, подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употреба истата да се загрее на + 100 степени). Се препорачува да се избегнува консумирање производи кои не се термички обработени (мајонез од домашни јајца), а внимателно да се консумираат и сладолед и разни кремови.

Министерството за здравство потсетува дека во сите градови низ државата во соработка со здравствените домови се поставени пунктови за превентивни препораки и совети за заштита од високите температури. Пунктовите функционираат секој ден од 18:30 до 21:30 часот – се мери крвен притисок и се даваат совети за превенција од топлото време и за здрав начин на живот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This