ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВАТА ПО ЕВРОПСКИ ТЕРК: Данска воведува забрана за бурката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Данскиот парламент денеска усвои закон со кој се забранува носење облека што го покрива лицето, како што е муслиманскиот обичај со бурката, со што им се придружи на европските земји што претходно воведоа таква забрана.

Законот, исто така познат како “забрана за Бурка”, предложен од десничарската коалиција, беше усвоен со 75 гласови за и 30 против.

Според владата, законот не е насочен кон ниту една религија и не ги забранува шамиите, турбаните или традиционалните еврејски капи.

Законот, кој ќе стапи на сила на 1 август, наведува дека прекршувањето на законот ќе биде казнувано со 1.000 дански круни или 156 долари.

Сличен закон веќе е усвоен од Австрија, Франција и Белгија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This