April 16, 2024, 11:13 pm

Почнаа и со зakaни: Кој нема да се попише, пет години затвop, најави Симовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема поминато еден цел ден од изгласување на законот за попис, а власта започна да се заканува.

Граѓаните не го прифатија законот за попис и имаше бурни реакции по социјалните мрежи и коментираа дека државата нема да добие статистички туку политички попис, власта започна да се заканува на граѓаните кои нема да се попишат ќе бидат санкционирани.

Вечерва при своето гостување Апостол Симовски, директор на ДЗС се закани кој нема да учествува во пописот ќе одговара кривично, а за тоа е казна од 5 години затвор.

„Првиот обид да не се излезе во пресрет да се дадат податоци, а е обврска по закон ќе биде санкциониран. Ќе биде санкциониран. Ние ќе поднесеме пријава, ние не сме казнена институција меѓутоа ќе поднесеме до обвинителството. Но, ќе поднесеме и на мотиваторот на таквото дејство“, нагласи Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика во емисијата „Вин вин“.

Симовски потенцираше дека ако не се излезе во пресрет за време на пописот тука веќе се сноси и кривична одговорност, а казните во законот предвидуваат 5 години затвор.

„Се надевам дека ќе има доволно памет во оваа држава“, рече Симовски.

ПОПИСАПОСТОЛ СИМОВСКИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This