ПОЧНАА НЕЗАКОНСКИТЕ РАЗРЕШУВАЊА: Владата на Заев го крши законот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата не го испочитувала Законот со назначувањето на новиот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство. На последната седница Владата го избра Зоран Атанасов за нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, но според Законот прекршени се неколку одредби кога станува збор за назначување на директор на оваа институција.

Согласно Законот за безбедност на храна Владата именува и разрешува директор кој ќе раководи со Агенцијата за храна и ветеринарство, а за именување на директор се објавува јавен оглас во најмалку три дневни весници. Согласно членот 21 пак во истиот закон  директорот на Агенцијата може да биде разрешен пред истекот на мандатот за кој е именуван само на негово барање и ако настане некоја од причините поради кои, според прописите за работните односи, му престанува работниот однос по сила на закон или не постапува согласно со законот.

Со последната владина одлука со која е Атанасов е назначен за нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство не е испочитувана законски утврдената процедура за именување на Директор, односно освен што не е објавен оглас во најмалку три дневни весници каде што се пропишуваат и посебните услови и квалификации кои треба да ги исполнува лицето кое ќе биде именувано за директор, со владината одлука е направено прекршување на Законот во делот на разрешување на актуелниот Директор на Агенцијата.

Актуелниот директор Зоран Поповски врз основа на Јавен оглас на 10 октомври 2014 година најпрво е именуван за вршител на должност директор на Агенцијата, а со решение на Владата на 21 декември истата година е именуван за Директор на Агенцијата со четири годишен мандат што би подразбирало дека мандатот сеуште не е завршен.

Така што во услови на траење на мандатот новата Влада со одлуката за именување на нов директор бесправно го именувала новиот директор и бесправно го разрешила актуелниот директор прекршувајќи ги член 18 и член 21 од Законот за безбедност на храна.

Новоименуваниот директор Зоран Атанасов беше советник во кабинетот на Љупчо Николовски во техничката Влада, кога тој беше дополнителен заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и е дел од извршниот одбор на Градската организација – Скопје на СДСМ.

Александра Спасевска

 

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This