Почна денешната операција на спасување на останатите момчиња во Тајланд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почна денешната операција на спасување на останатите 8 момчиња и тренерот во Тајланд. Министерството за внатрешни работи рече дека истите нуркачи што вчера влегоа во пештерата и извадија четири момчиња, влегле и денес.

Нуркачите денеска влегоа да извлечат уште момчиња од пештерата во 5 часот наутро по локално време, официјално е потврдено.

„Условите се добри како и вчера… Спасувачкиот тим е истиот со неколку замени“, рече Наронгсак Осатанакорн, шеф на здружениот команден центар што ја координира операцијата.

Тој додаде: „Нивото на водата не е загрижувачко… Вчерашниот дожд не влијаеше на нивото на водата во внатрешноста на пештерата.“

За четирите момчиња спасени од пештерите Там Луанг во неделата вечер беше соопштено дека се со „добро здравје“, иако сѐ уште се чекаат резултати од тестовите. Сите четири момчиња се на безбедно и се лекуваат во болница во Чианг Раи, најблискиот главен град.

Тие сѐ уште не се во можност да ги видат своите семејства, иако висок официјален претставник за здравство изјави дека тие треба да бидат во можност да ги видат подоцна денеска, но да нема „гушкање и допирање“ додека не се добијат резултатите од тестот.

Операцијата за спасување требаше да продолжи меѓу 7 до 17 часот по локално време денес; координаторот на спасувањето рече дека на нуркачите им требаат помеѓу 10 и 20 часа да се одморат и да се подготват за работата денеска.

Истите нуркачи што ги спасија првите четири момчиња ќе ја спроведат и втората операција, потврди тајландското министерство за внатрешни работи, бидејќи ги знаат условите во пештерата и знаат што да прават.

Останатите осум момчиња и нивниот тренер остануваат под земја на првичната локација во близина на плажата Патаја.

Спасувачкиот тим што во неделата вечер ги извади четирите момчиња е составен од 13 странски нуркачи и пет тајландски маринци.

Кога стигнаа до површината, нуркачите се свртеа и ги прегрнаа момчињата, кои носеа маски за лице, откако заврши патувањето низ 3,2 километри каллива пештера.

Операцијата продолжи многу порано отколку што се очекуваше, поради нивото на водата низ која може да се чекори.

Денеска е 16-ти ден откако 12-те момчиња и нивниот фудбалски тренер се заглавија во мрежата пештери Там Луанг, кои ги посетиле по фудбалскиот тренинг на 23 јуни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This