Почна карневалот во Рио де Женеиро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Официјално синоќа почна карневалот во Рио де Женеиро кој, според локалните власти, ќе привлече 1,5 милиони туристи и ќе оствари приходи од повеќе од една милијарда долари.

Традиционално, карневалот почна со тоа што градоначалникот на Рио де Женеиро, Марсело Крива на кралот Момо, домаќин на карневалот, му врачи симболичен клуч од градот украсен со светкави камења.

Секоја година специјално жири избира висок и дебел човек кој е во улога на кралот Момо. Карневалот има и кралица која ќе биде придружена со принцези. Тие исто така се одредуваат со гласање.

Централниот настан на карневалот во Рио де Женеиро е конкурсот-парада на школите по самба на самбадромот „Маркиз де Сапукаи“. Дванаесет училишта по самба секоја година се борат за титулата победник на натпреварот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This