March 28, 2024, 10:48 pm

ПОЧНА НАЈГОЛЕМАТА ТРГОВСКА ВОЈНА:Кина возврати со 25% царини за американски увозни стоки од 34 милијарди долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само неколку часа откако САД воведоа 25 отсто трговски царини за кинески стоки во вредност од 34 милијарди долари, Пекинг возврати со истоветни мерки против американскиот увоз.

„Откако САД ги воведоа новите царини, кинеските реципрочни мерки, исто така, веднаш стапија во сила“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лу Канг.

Тој не ги наведе висината или видовите на американската стока што ќе биде оданочена од Кина.

Министерството за трговија на Кина претходно соопшти дека земјата нема друг избор освен да возврати откако САД „ја почнаа најголемата трговска војна во економската историја“. Пекинг го обвини Вашингтон и за прекршување на трговските правила на Светската трговска организација (СТО).

Американските царини од 25 отсто се однесуваат на 818 кинески увозни стоки во вредност од 34 милијарди долари. Тие се првата фаза од давачките со кои се закани администрацијата на Трамп за кинески стоки во вкупна вредност од 450 милијарди долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This