Почна новата учебна година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади се првачиња – еден дел ќе бидат во клупите, а поголеми дел ќе учат онлајн од дома.

Учениците до трето одделение ќе посетуваат настава со физичко присуство, додека сите останати ќе следат онлајн настава, освен оние средни училишта кои ги исполнуваат условите за одржување на физичка настава.

Во врска со проблемите при тестирањето на Националната платформа, министерката за образование Мила Царовска посочи дека тие тековно се јавуваат и се надминуваат.

„Наставниците добиваат инструкции и важно е да ги следат и порталот и веб-страницата на министерството за сите нови инструкции што се даваат таму и можеме да имаме добар старт за да се поврзат со учениците и да го одржат класниот час и понатаму да работиме сите заеднички. Го правиме првиот чекор кон дигитализацијата на образованието“, изјави Царовска.

„Семејствата што имаат повеќе деца, наставата од далечина ќе можат да ја следат и на јавниот радиодифузен сервис МТВ, каде што ќе има часови, според распоредите на училиштата и одделенијата, нагласи министерката Царовска.

„Она што го утврдивме на самиот почеток и на самиот план, децата ќе имаат можност во даден распоред на три канали на МТВ да следат на својот јазик 15 минутни часови од прво до деветто одделение и тоа е важен инструмент што се користи и во другите држави за децата кои немаат пристап. Секако и училиштата ќе треба да отпечатат и материјали што ќе бидат доставувани до родителите за да може децата да извршуваат домашните задачи и да добиваат инструкција за работа во домашни услови. Ова е за оние што нема да можат да се приклучат онлајн“, рече министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This