Почна пријавувањето за бања и бесплатен викенд за пензионери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од денеска до 20-ти февруари 2017 година, сите корисници на пензија ќе можат да поднесат барање за користење на една од услугите од двата проекти „Бањско-климатска рекреација” и „Бесплатен туристички викенд“ спроведувани преку Mинистерството за труд и социјална политика, во филијалите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

За ова денеска на прес-конференција информираше министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, појаснувајќи дека право на користење на услугите од овие проекти имаат корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија, кои живеат во Република Македонија.

– Образецот на барањето го има во филијалите на Фондот на ПИОМ и на веб страницата на Фондот на ПИОМ. Доколку корисникот на пензија користи и пензија од друга држава со која Република Македонија применува договор за социјално осигурување, задолжително доставува потврда од банка за износот на странската пензија. Доколку корисникот на пензија користи паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност и слепило или додаток за глувост нема потреба да доставува потврди за користење на овие права бидејќи ќе се врши проверка преку електронска размена на податоци меѓу институциите, истакна Ибрахими.

Повикот за користење на услугите ќе биде објавен на веб страниците на Министерството и Фондот на ПИОМ, а ќе се емитува и на Македонската радио телевизија.

Министерот информираше дека услугата „Бањско климатска рекреација“ може да се користи еднаш во период од март до ноември 2017 година, во траење од седум дена и опфаќа шест полни пансиони, бањска терапија, задолжителен здравствен преглед и трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта по завршување на користење на услугата. Лицата корисници на пензија коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација. Корисниците на пензија коишто ја искористиле услугата во претходните три години немаат право да ја користат оваа услуга во 2017 година.

Услугата „Бесплатен туристички викенд”, како што рече, опфаќа два полни пансиони и организиран автобуски превоз од местото на живеење на корисникот до хотелот. Корисниците на пензија коишто ја искористиле оваа услуга во претходната 2016 година немаат право да ја користат услугата во 2017 година.

– Рангирањето на корисниците на пензија коишто ќе ги користат услугите се врши  според бодови и тоа: до 50 бода ќе се добива во зависност од висината на пензијата, односно повеќе бодови за помала пензија, до 30 бода во зависност од времетраење на користење на пензијата и должината на пензискиот стаж до остварувањето на правото на пензија, 10 бода за корисници на пензија кој пензијата ја оствариле како работници во рудници во подземен ископ со стаж на осигурување со зголемено траење и 10 бодови за лице што користи паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност и слепило, додаток за глувост како и лица коишто имаат инвалидност над 80 проценти, истакна Ибрахими.

За овие два проекти во Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2017 година обезбедени се финансиски средства во висина 46 милиони денари. Од 2010 година до лани бањско-климатската рекреација ја искористиле 37.193 корисници на пензија, а бесплатен туристички викенд за две години го искористиле 4.740 пензионери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This