March 28, 2024, 11:04 am

ПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ВОДИЦИ: Еве како и каде можете да се пријавите за „Водици 2017“ во Скопје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почна пријавувањето за „Водици 2017“ во Скопје. Заинтересираните верници кои на големиот христијански празник на 19 јануари сакаат да учествуваат во традиционалната манифестација со фрлањето на сцветиот крст можат да се пријавуваат во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. За пријавување е потребно лична карта, потврда од спортска медицина и пополнет купон за пријавување, објавен во весникот „Нова Македонија“.

vodici

Организатор на манифестацијата и годинава е дневниот весник каде ќе се објавуваат купони за учество до 18 јануари. Манифестацијата со светиот крст ќе се одржи кај мостот „Слобода“ во близина на хотелот „Холидеј Ин“.

Големиот христијански празник Богојавление-Водици се празнува на 19 јануари, со положување осветен крст во водите на реката Вардар. Светиот крст точно на пладне во водата ќе го фрли архиепископот Стефан. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа и се верува дека тој што ќе го фати ќе го следи благослов и среќа цела година. Празникот се слави од 2. век и е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Освен во Скопје, крстови ќе бидат положени и во водите низ останатите градови во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This