ПОЧНА СРЕДБАТА ЗАЕВ-ЦИПРАС: голем е интересот и на новинарите акредитирани на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почна средбата меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.

По тој состанок, Ципрас на Твитер напиша дека им кажал на европските социјалисти дека се направени значајни чекори во однос на проблемот со името, но дека „има важни чекори што треба да ги преземеме пред да можеме да постигнеме решение“.

Европските политичари силно поддржуваат решавање на проблемот, за да се одблокираат евро-атлантските интеграции на Македонија.

Поддршка за решавање на спорот стигна и од францускиот претседател Емануел Макрон, кој на синоќешната средба, на премиерот Заев му рекол дека Македонија и Грција преземаат историска улога со нивната посветеност околу решавањето на спорот и дека решавањето на проблемот е сериозно позитивно наследство за Македонија.

Се очекува за спорот за името да се разговара и на билатералната средба на германската канцеларка Ангела Мрекел и премиерот Зоран Заев, закажана за денеска.

За оваа средба голем е интересот и на новинарите акредитирани на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.

По средбата нема да има заедничка изјава, туку секој посебно ќе одржи брифинг за новинарите.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This