ПОЧНУВААТ КОНФЛИКТИТЕ ПОРАДИ ВОДА: Хаос во Иран поради недостиг на вода – конфликти со полицијата, има повредени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Иран, поради недостиг од вода и суша, во јужниот дел на земјата повредени се 11 луѓе при судири на демонстрантите со полицијата, велат иранските власти.

Протестите започнаа мирно во петокот, но во саботата се случи конфликт во кој беа повредени 10 полицајци и демонстрант, објавија АП.

Демонстрации во Хорамшахру, околу 650 километри југозападно од Техеран, започнаа кога населението во претежно арапскиот град, во близина на границата со Ирак, почнаа да се жали на солената, загадена вода од чешма.

Демонстрантите фрлаа камења врз припадници на безбедносните сили во Хорамшахр, кои возвратија со огнено оружје, а некои демонстранти исто така имаа огнено оружје.

Имало апсења, но официјалните претставници не објавија колку демонстранти се уапсени.

Иранската метеоролошка организација вели дека 97 отсто од земјата е соочена со некоја форма на суша.

Иран се соочува со суша со години, а населението е погодено и од економската криза.

Кризата е интензивирана откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи во почетокот на мај дека САД се повлече од нуклеарниот договор со Иран и да ги обнови санкциите.
САД сега бара од своите сојузници да не купуваат повеќе иранска нафта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This