ПОЧНУВА САМИТОТ: Македонија утре на масата на НАТО во Лондон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД ја завршија својата обврска. Ратификацијата за Македонија е депонирана. Американскиот Сенат уште на 22 октомври го изгласа протоколот за членство на земјава во Алијансата, а денеска државниот секретар Мајк Помпео се пофали дека документот е доставен во Стејт департментот.

Со задоволство ви соопштувам дека САД го депонираа ратификуваниот протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Еден чекор поблиску до прифаќање на Македонија како 30-ти сојузник на НАТО, напиша Помпео на Твитер.

И покрај моќното да на најголемата сила во Алијансата, Македонија нема да слави во Лондон. За полноправно членство недостасува само уште една ратификација. Како утешна награда се предвидува во завршната декларација на самитот на земјата да и се посака добредојде како на 30 членка на Алијансата. На јарболот на платото во Лондон веке се вее македонското знаме, заедно со знамињата на останатите 29 земји на НАТО.

Во меѓувреме, во Атина се поставуваат прашања како да се поништи преспанскиот договор, кој на ниедна од инволвираните страни не ии го донесе посакуваното.

– Грција даде сè од старт и име и признавање на националност и признавање на јазик, а Скопје вети дека ќе направи некои отстапки во иднина, доколку оди напред нивната интеграција во Европа. Но, тоа не зависи ниту од нас, ниту од Скопје. Впрочем може други земји да стават вето. И тоа се случи. Франција, Холандија и Данска ставија вето, а Бугарија поставува сериозни проблеми за признавањето на таканаречениот македонски јазик. Па така, останаа само нашите целосни отстапки што беа направени на почетокот. А скопските идни обврски висат. Некои ни велеа дека ако го ставиме Скопје во НАТО, ќе го стабилизираме. Но, откако Скопје влезе во НАТО, започнаа сомнежите кој ќе го стабилизира самото НАТО?

Токму кризата во НАТО ќе биде и една од темите на самитот во Лондон, на кој ќе се прославува 70 години од постоењето на Сојузот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This