ПОЧНУВА УЧЕБНАТА ГОДИНА: Часовите нема да бидат намалени, ќе се учи по стара програма, саботите пак ќе се одработуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата учебна година ќе почне без многу структурални промени, кои до јуни ги најавуваше претходната министерка за образование и наука Рената Дескоска. Новините се директно поврзани со Законот за основно образование, кој остана на ниво на јавна расправа и надлежните не успеаја да го донесат до почетокот на новата учебна година. Беше најавен и нов закон за средно образование.

Министерството за образование и наука најавуваше многу промени во учебната 2018/2019 година, кои беа најавувани во мандатот на министерката Дескоска – дека ќе биде поедноставено пополнувањето на електронскиот дневник, новата програма како пилот-проект ќе биде спроведена во десетина училишта, ќе бидат намалени часовите на децата од прво до трето одделение, дека саботите веќе нема да се учат, а ќе се намали и бројот на часовите од четврто до деветто одделение. Дека наставниците ќе добијат неработни денови во текот на зимскиот распуст, а бројот на ученици во една паралелка ќе се движи од 20 до 30 ученици, а во пониските одделенија ќе има спојување на одредени предмети, пишува порталот Факултети.мк.
– Тие, секако, ќе се реализираат. Станува збор за смела реформа која подразбира посериозни поместувања во образовниот систем. Затоа е потребно Министерството за образование и наука и училиштата да бидат целосно подготвени пред воведувањето на најавените реформи во образовниот процес. Намалувањето на часовите и на бројот на децата во паралелките создава сериозни организациски предизвици. Концептот предвидува менторство на поискусните наставници над помалку искусните наставници, како и вршење одредени административни обврски во училиштето, со што целосно ќе се надополнат часовите кои наставниците ги имале пред намалувањето на часовите. Целта е реформата да обезбеди сигурност на сите засегнати во образовниот процес – велат од МОН.
Во однос на пилотирањето на наставните програми, експертскиот тим што работел на новите наставни планови и програми за основното образование препорачал прво целосно да се комплетираат од 1. до 9. одделение.
– Потоа новиот концепт ќе биде разгледан како целина. Во меѓувреме јавноста е информирана дека во средното образование нема да се применат наставните програми од Кембриџ, а во основното останува како и досега – велат од МОН.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми пред три дена на прес-конференција соопшти дека измени се направени во 22 учебника за основно и во два за средно образование. Факултети.мк веќе објави дека новина е што учениците од прво до трето одделение секоја година ќе добиваат нов комплет учебници, а од годинава тие ќе може да се купат и во книжарниците по набавна цена.
Од МОН велат дека работат во согласност со годишната програма и стратешките документи со кои се унапредуваат состојбите во областа на образованието и науката.
– Во контекст на најавените реформи во образованието, од почетокот на мандатот на новата Влада, без исклучок, работиме да се спроведат тие реформи. Дел од мерките и проектите се веќе реализирани или се имплементираат. За дел од оние што треба да следуваат подготвителните активности се во тек, а за некои, пак, наскоро ќе почнат – велат од МОН.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This