April 25, 2024, 11:34 am

ПО „АУДИ“, СДСМ ГО ИЗБРКА И „БМВ“ ОД МАКЕДОНИЈА: Автомобилскиот гигант кој ја избра Србија наместо Македонија најверојатно е „БМВ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот весник „Политика“ се обиде да дознае кој германски автомобилски гиганд ќе отвари фабрика во Србија, а во рамки на истрагата од весникот побарале потврда од компанијата Бе-Ем-Ве, каде добиле одговор дека конечната одлука за локацијата за изградба на новата фабрика сеуште не е донесена

Основачот и сопственикот на хрватската компанија „Римац автомобили“ Мате Римац пред неколку дена на својот ФБ профи објави дека една голема автомобилска компанија во Србија ќе гради производен погон за електрични возила, откако не се договориле со властите во Македонија кои не успеале да им дадат подобри услови за инвестирање тука.

На фотографијата која Римац ја објави на 27. февруари се гледа кластер на документи, на чие дно се гледа логото на компанијата „Бе-Ем-Ве“.

„Политика“ контактирале со Сандра Шилмилер, задолжена за комуникации на „Бе-Ем-Ве“ групацијата, која изјавила дека „конечната одлука за локациајта за изградба на новата фабрика сеуште не е донесена“.

Запрашана за тоа дали Мате Римац е член на бордот на директори на „Бе-Ем-Ве“ групацијата и дали неговата компанија ќе соработува со германскиот авто-гигант, Шимлер преку мејл одговорила дека партнерите и добавувачите не ги откриваат по име, одбивајќи да одговори на прашањето.

Шилмилер не можела да открие ниту дали за изградбата на новата фабрика се разгледуваат локации во источна Европа.

„Политика“ наведува дека Римац во својата објава на Фејсбук рекол дека деловните приходни на мистериозниот инвеститор се на ниво на БПД на Хрватска, и дека станува збор за компанија која има 140.000 вработени.

Во „Бе-Ем-Ве“ работат околу 124.000 луѓе, а се остваруваат годишни приходи од 90 милијарди евра, што е речиси два пати повеќе од Хрватскиот БДП.

„Мерцедес“ вработува 143.000 луѓе, меѓутоа, нивниот годишен приход е два пати поголем од БДП на Хрватска.

„Ауди“ има деловни приходи приближни на Хрватскиот БДП, но во оваа компанија се вработени околу 85.000 луѓе.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This