По британската, во Данска регистрирана и јужноафриканската мутациja на кopoнавиpycот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Данска го регистрира првиот случај на инфекција со позаразнaтa мутација на корона вирус, првично откриен во Јужноафриканската Република.

Како што објави Државниот институт за серуми, станува збор за вид на вирус познат како Б.1.351 / 501Y.

Претходно данските здравствени власти објавија дека во земјата се регистрирани вкупно 256 случаи на инфекција со Б117, исто така позаразен вид на корона вирус, но првпат идентификуван во Велика Британија.

Досега во Данска се пријавени 188.199 случаи на корона вирус, а починати се 1.747 лица.

Данска во средата го продолжи карантинот за три недели во обид да се намали ширењето на новиот вид за кој властите стравуваат дека ќе биде доминантен до средината на февруари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This