April 20, 2024, 12:31 am

По Германија и Франција пpoгласи едномесечен кapaнтин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември.
„Бранот се рашири низ цела Европа, несомнено ќе биде посилен и поубиствен од првиот“„вирусот циркулира со брзина што не ја предвидуваат ниту најпесимистичките прогнози“, рече Макрон на почетокот на своето обраќање.

– Почнувајќи од петок. Според новите мерки, на луѓето ќе им биде дозволено да ја напуштаат куќата само заради неопходни обврски, работа или од здравствени причини. Во секој од овие случаи, луѓето ќе мора да пополнат образец за да го оправдаат напуштањето.Карантинот вклучува и забрана за собирање.Училиштата ќе останат отворени, како и градинките.

Макрон се надева на вакцина во текот на летото, повикувајќи се на проценки на научници.

Најавата на Макрон за карантин доаѓа по рекордните бројки на заразени во земјата, само вчера во Франција беа регистрирани 36 437 заразени а починаа 244 лица за едно деноноќие.

Во Германија почнувајќи од понеделник, 2 ноември, приватните собири ќе бидат ограничени на 10 лица од најмногу две домаќинства.

Рестораните, баровите, театрите, кината, базените и теретаните ќе бидат затворени, а концертите откажани, училиштата и градинките ќе останат отворени, како и продавниците, со строго почитување на мерките за физичко растојание и хигиена.

Од регионот вчера најмногу заразени имаше во Бугарија и Хрватска каде беа регистрирани над 2000 заразени . Во Бугарија 36 лица ја изгубија битката со вирусот .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This