ПО ГОЛЕМИОТ ПОЖAP: ЕВН ги caнира далекуводите кај езерото „Младост“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екипи на ЕВН активно работат на caнирање на штeeтите и воспоставување на напонска состојба на двата далекувода што беа оштетени при вчерашниот пожар кај езерот „Младост“ во Велес. Екипите на Електродистрибуција од Велес ќе останат на терен се додека се нормализира снабдувањето со електрична енергија, инфомрираат од компанијата.

-Екипите на Електродистрибуција од Велес од самиот почет на пожapoт кој вчера ја зафати околината на езерото „Младост“ активно учествуваа во неговото гаснење. Од пожарот во кој изгореа 500 хектари шума, од кои 200 хектари црноборова, беа зафатени и три средно напонски далекуводи на ЕВН: 10 киловолтниот далекувод Езеро, 10 киловолтниот далекувод Црн Врв – стар и 35 киловолтниот далекувод Црн Врв – нов. Екипите заедно со против пожарните служби успеаја да спасат дел од дистрибутивната мрежа, соопшти ЕВН.

Далекуводот „Црн Врв – нов“, посочуваат, најбрзо беше caниран и веднаш пуштен под напон.

-Другите два далекувода поради обемот на штeeтата и поради сугестиите на Центарот за справување со kpизи беа без напон подолго време. Далекуводот Езеро е 50 отсто yништeн од пожa[от, а далекуводот Црн Врв – стар има штeeта од 30 отсто, велат од ЕВН.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This