March 28, 2024, 10:02 pm

ПО ГРАДСКИОТ ПАРКИНГ, ПОСКАПУВА И ПОЦ: Паркинзи на општина Центар ќе го поскапуваат паркирањето по примерот на Градски паркинг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И локалната власт предводена од кадрите на СДСМ ќе удри по џебот на граѓаните. Покрај централната власт која најави зголемување на акцизата за дизелот, и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најави зголемување на цените за паркинг, а од денска и општина Центар ја разгледува можноста за поскапување на паркинг картата. За ваквата одлука, за поскапување на паркингот на општина Центар, денеска разговарале градоначалникот Саша Богдановиќ и в.д. директорот на ПОЦ Вангел Андрески.

Од општина Центар сметаат дека поскапувањето на паркингот ќе ги стимулира граѓаните да го користат јавниот градски превоз со што значително ќе се намали загадувањето.

Иако како едно од главните ветувања на кандидатите за градоначалници на СДСМ во пред изборите беше чистиот воздух, без никакви мерки како до тоа би дошло. Ова беше потврдено во периодот кога загадувањето е најголемо, а градските власти кажаа дека се без прецизни планови за справување со проблемот. Тие во писмено соопштение наведоа дека сите активности се во фаза на предвидување и планирање.

-Планот предвидува краткорочни и среднорочни мерки во однос на загадувањето. Планираме уште зимава да воведеме забрани за градежни активности во најзагадените делови на градот. Предвидуваме и нови политики во јавниот превоз и промоцијата на велосипедизмот, се вели во соопштението од градот Скопје.

Шилегов и вчера потврди дека немаат целосен план за борбата против загадувањето, а кажа дека планот ќе бил објавен на 15-ти ноември. Очигледната безидејност како да се справи со овој проблем, според Шилегов може да се реши со директен удар по џебот на граѓаните, тој најави поскапување на паркингот на град Скопје, како една од мерките за загадувањето во градот Скопје.

-Една од мерките што ја замисливме е скалесто покачување на паркирањето во центарот за оваа зима и намалување на јавниот билет, додека не дојдеме до состојба на бесплатен јавен превоз, изјави Шилегов.

Иако СДСМ ветуваше повеќе пари во џебовите на граѓаните, очигледно дека ова ветување го заборавија, со мерки во краток период директно удираат по џебот на граѓаните, велат експертите. Прво се најави дека од стартот на 2018 година ќе се покачи акцизата на дериватите за 3 денари, што значи дека со се данокот, граѓаните ќе плаќаат 3,54 денари повеќе за еден литар дизел, а сега градоначалникот најави и поскапување на паркинг услугата во главниот град. Според нив ова претставува директен удар на оние кои автомобилот им е неопходен, на кои автомобилот им е работа, а индиректно и по сите граѓани, поради поскапувањата кои следуваат после мерките кои СДСМ ги најави откако поминаа изборите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This