ПО ГРЕШКА КУПИЛ 1000 КОКОШКИ: Збунувачка била аукцијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стив Мороу немал поим во што се впушта кога ставил прилично голема понуда на новозеландската аукциска страница “Trade Me”. Аукцијата била организирана за продажба на 1000 кокошки.

 

 

 

Една мала фарма била пред затвopaње и било потребно итно да се пронајде дом за овие животни. Мороу мислел дека победникот на аукцијата може да земе онолку кокошки колку што сака, но се покажало дека не бил во право.

 

“Кога аукцијата се затopи, помислив дека е супер што можам да земам онолку кокошки колку што сакам, но кога разговарав со човекот, сфатив дека ги добивам сите 1000. Бев запpeпacтен”, изјавил Стив.

 

Сопственикот рекол дека неговата реклама била збунувачка, но тој не се сложил со него. Истакнал дека рекламата во која три пати се споменуваат 1000 кокошки е многу јасна.

 

Сега Мороу се обидува да пронајде нов дом за кокошките бидејќи нема каде да ги смести. Откако го објавил својот случај на социјалните мрежи, вдомил околу 700 кокошки. За себе задржал 20, а сега бара дом за уште 280 кокошки.

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This