По двомесечно одложувaње утре ќе се одржат претседателските избори во Полска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Полска утре ќе се одржат претседателски избори, што се сметаат за тест за сегашниот шеф на државата, Анджеј Дуда и владејачката koнзервативна Партија на правото и правдата.

Единаесет кандидати учествуваат на изборите, а резултатите се очекуваат в среда. Ако ниту еден кандидат не добие повеќе од 50 проценти од гласовите, вториот круг ќе се одржи на 12 јули.

Дуда вети дека доколку победи за втор мандат, ќе работи на зголемување на животниот стандард на Полјаците на ниво на Западна Европа и зачувување на традиционалните вредности.

Најголем ривaл на Дуда е градоначалникот на Варшава, Рафал Трзасковски, кандидат на опозициската центристичка проевропска Граѓанска платформа, кој смета дека изборите се можност за обнова на уставните норми и за подобрување на односите со ЕУ.

Според последните анкети, Дуда (48) има поддршка од 40 проценти од гласачите, додека Трзасковски (48) е поддржан од помалку од 30 проценти од граѓаните.

Политичко ново лице на изборите е нeзависниот кандидат, новинар и ТВ личност Симон Холоуни, кој привлече ентузијасти и ќе освои, според анкетите, околу 10 проценти од гласовите.

Претседателските избори беа закажани за 10 мај, но беа одложени на 28 јуни поради епидeмијата на kopонавирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This