По дебakлот во неделата, Николовски добил шамap од 3aeв, што резултирало со физичка пресметка помеѓу претседателот и ген-секот на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извори на Инфомакс откриваат дел од атмосферата и случувањата на Бихаќка во неделата по дебаклот во првиот круг на локалните избори.

Нашите извори велат дека атмосферата била траорна, но и насилна, а по канцелариите во главниот штаб на СДСМ активно се барал виновникот за најлошите изборни резултати во историјата на партијата.

Ситуацијата кулминирала со физичка пресметка помеѓу премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски.

Се започнало откако Љупчо Николовски влегол во кабинетот на Заев и се пофалил со победа во прв круг на локалните избори во Крива Паланка по што наводно добил шамар од премиерот, но не успеал да се воздржи па се обидел да му возврати.

На физичкиот напад претходеле превирања околу кандидатите за Скопје и Куманово и Велес, а Љупчо Николовски како генерален секретар на партијата и реално носи голем дел од одговорноста за изборните резултати.

Една од главните причини за пресметката според извори на Инфомакс е фактот што Љупчо Николовски лично му ветил на Заев илјада гласови за кандидатот на СДСМ во Куманово кои не успеал да ги испорача што резултираше со пораз во првиот круг на кандидатот од СДСМ.

Инфомакс уште пред првиот круг на локалните избори пишуваше дека лошиот рејтинг на Заев и СДСМ, но и незадоволството на членовите од испорачаното од страна на партиското раководство создада амтосфера во партијата во која голем број функионери се амбицираат за превземање на лидерската позиција во СДСМ.

„Млад премиер, млад претседател, млад градоначалник“ е пораката испишана на ФБ постот на Љупчо Николовски, на која се гледаат вицепремиерот за борба против корупција, претседателот на општинската организација на СДСМ во Крива Паланка и кандидатот за градоначалник кој победи во првиот круг на локалните избори.

Љупчо Николовски е сега за сега првиот кој јавно ги истакнува аспирациите за превземање на лидерската позиција во СДСМ, но и човекот кој физички се обиде да се пресмета со премиерот и претседател на партијата.

Од она што го дознаваме вицепремиерот за борба со корупција веќе и активно е вклучен во внатрепартиска кампања за собирање на делегати кои би требало да го поддржат на следниот партиски конгрес.

Едно е јасно, после овие локални избори на едниот или другиот му завршува политичката кариера. Прашањето е само на кој?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This