ПО ДЕНЕШНИОТ ДЕН СЕ Е ЈАСНО: Пандов предвидува дека за кратко ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, пратениците и целиот Македонски народ ќе бидат исправени пред последниот тест!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичкиот аналитичар Алекасндар Пандов на својот ФБ профил напиша дека одбивањето на предлогот од страна на Ципрас само купува малку време до последниот тест пред кој ќе бидат исправени Македонците, заедно со пратениците и опозицијата, бидејќи веќе е јасно дека Заев прифатил ерга-омнес

„По денешниот ден јасно е дека Заев, Димитров и Шеќеринска ни договориле промена на името на татковината ”ерга омнес”, што во превод значи промена на устав и употреба на тоа име и во внатрешна употреба или ти промена на сите документи за лична идентификација, промена на името на сите институции итн. Од 7-те точки на Коѕијас, сите седум се договорени. И име ни договориле Илинденско. Арно ама додека Заев и Ахмети го убедуваа Мицковски дека решениво им било вмровско, а потоа и нас на прес не повикуваа да ги следиме, ладен туш од Ципрас, не чинело Илинденска, било иредентистичко, али затоа потенцирано испраќаат пофалба што владата конечно сватила и прифатила промена на името ”ерга омнес”!? Сега е лесно. Останува само формално да смислат име и готова работа. Да потсетам дека нема некој европски политичар кој не го поздравува договарањето помеѓу Македонија и Грција. Лично британската премиерка Меј дојде да го потапша Заев по рамо. Тоа што на Атина не и се допаѓало Илиндеска, на Мицковски и ВМРО ДПМНЕ им купува време од неколку дена, можеби недели до новиот предлог, кој верувам дека поради роковите ќе биде и конечен. Тогаш и Мицковски и ВМРО и сите Македонци што си ја сакаме Македонија како Република Македонија, а поготово пратениците, ќе бидеме исправени пред последниот и најголем тест, ќе не биде или не. Пратениците посебно ги одвојувам затоа што конечно на нив ќе биде дали ќе гласаат или не! За промена на уставот потребни се 80 пратеници. Да живее Република Македонија“ – пишува Пандов.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This