ПО ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ: Македонија ќе го воведува единствениот европски број за итни повици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека имплементацијата на единствениот европски број за итни повици 112 е почната и во најголем процент воведувањето во употреба на овој број треба да заврши кон крајот на 2020 и почетокот на 2021 година.

ЦУК информира дека 112 е телефонски број за итни повици за граѓаните на С Македонија, како и странци кои се наоѓаат на наша територија, а забележале настан со потенцијална опасност за животот на луѓето или материјалните добра.

– Согласно добиените финансиски средства од страна на Европската комисија во рамките на програмата „Миграција и азил, гранчен менаџмент и борба против тероризам и организран криминал“, како и предвидените финансиски средства во буџетот на Центарот за управување со кризи за следните три години, започната е имплеметнацијата на проектот. Паралелно, со набавката на опремата ќе се работи и на обука на лица кои ќе ги примаат повиците и ќе управуваат со нив, соопшти ЦУК.

Од ЦУК дополнуваат дека со воведувањето во употреба на единствениот европски број за итни повици ќе биде обезбедено и мултијазична поддршка, достапност до бројот до многу ранливи категории на луѓе, луѓе со различен вид на попреченост, како и достапност до бројот 112 преку социјалните мрежи.

Во моментов, како што велат, се работи на градежно, имформациско и комуникациско уредување на просторот наменет за оперативниот центар.

Наредната година ЦУК ќе се фокусира на имплементација на Процената на загрозеноста на безбедноста на земјава од сите ризици и опасности на државата, Процени на загрозеноста на подрачјата на општините и Град Скопје и Веб базирана алатка „e-procena“.

– Процената претставува документ кој е во функција на планирање и организација на системот за управување со кризи, го помага процесот на одлучувањето на надлежните носители на функции и одговорности, ја поддржува комуникацијата, координацијата и употребата на ресурсите заради превенција, рано предупредување и справување со сите ризици и опасности кои можат да го загрозат животот и здравјето на луѓето, материјалните и природните богатства, како и општата безбедност на државата, информира ЦУК.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This