March 28, 2024, 10:30 pm

По една долга пропадната врска и свршувачка, Гаро Тавитјан се пофали со нова љубов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако во врска беа долги години, некогашната пејачка Ева Нединковска и тапанарот Гаро Тавитјан Јуниор не беа судени еден за друг.

Таа се омажи пред неколку години и има ќеркичка, додека пак Гаро во 2012 година беше во сериозна врска која дојде до фаза на свршувачка. Но и таа љубов на Гаро не беше судена.

Тој ја раскина свршувачката со Ема Поповска, по речиси една и пол година врска, и една година откако се свршија. Познатиот тапанар и Ема која тогаш работеше како комјутерски програмер, не започнаа брак.

Како што велеше тогаш Гаро, имале различни визии за иднината, а раскинале по промоцијата на албумот “Македонското срце чука во седум осмини”.

Оттогаш љубовниот живот на најмалиот од Гаровци стана подискретен, особено за јавноста и медиумите, а таквата ситуација се смени од пред неколку дена кога Гаро Јуниот на својот Фејсбук профил реши јавно да открие дека се случува нешто ново во неговиот живот, односно дека живее нова љубов во неговото срце.

Љубовниот статус го смени „во врска“, а кога ќе реши да ја покаже саканата, останува да видиме…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This