ПО ЖОЛТИТЕ ДОАЃААТ СИНИТЕ ЕЛЕЦИ: Масовни протести организирани од синдикатот на Министерството за внатрешни работи во Франција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработените во француската полиција денеска стапија во штрајк, поради неисплатените надоместоци за прекувремена работа, што предизвика застои на парискиот аеродром „Шарл де Гол“.

Управата на аеродромската полиција соопшти дека застои поради штрајкот има само на Терминалот 1, додека на остантите два терминали турканиците настанале поради „големиот број патници“.

Штрајкот се одржува во организација на полицискиот синдикат Алианс, кој ги повика полицајците денеска да реагираат само на „итни случаи“, откако преговорите меѓу неговите претставници и Министерството за внатрешни работи околу надоместоците за прекувремна работа за време на протестите на „жолтите елеци“ западнаа во ќор-сокак.

Француската Влада вчера соопшти дека ќе им исплати по 300 евра бонус на околу 111.000 полицајци, кои се ангажирани во обезбедувањето на протестите на „жолтите елеци“. Според најавите, ваквата одлука ќе ја чини Франција 33 милиони евра.

Меѓутоа, синдикатот Алианс не е задоволни со владината одлука и бара државата да инвестира во реформа на полицијата и на полицајците да им бидат исплатени надоместоците за прекувремена работа, а не бонуси.

– Не сме на продажба и не можете да не купите. Кризата сигурно нема да биде решена со овие бонуси, изјави претставник на синдикатот.

Преговорите меѓу синдикатот и Министерсвтото за внатрешни работи беа прекинати вчера, по што за денеска е најавено нивно продолжување.

Медиумите и вчера објавија дека активностите на жолтите елеци не се прекинати, а симболично беше најавено дека по жолтите во Франција доаѓаат и сините елеци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This