April 16, 2024, 11:51 am

ПО ЗАЕВ И ГЕОРГИЕВСКИ ГО KOPEГИРАШЕ ЃОКОВИЌ: Ние сме Северна Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новак Ѓоковиќ се вклучи во живо на социјалните мрежи и зборуваше за Република Македонија, за Македонците, ја запеа „Македонско девојче“ и изрази желба да ја посети нашата земја. Земјата која тој ја нарекува по нашето уставно име Република Македонија. Додека пееше, Новак кажа дека сака да го посети Охрид.

По ова, премиерот Заев му упати јавна покана на славниот тенисер, а на поканата се приклучи и градоначалникот Константин Георгиески кој во пост, по примерот на Зоран Заев на Фејсбук го коригираше Ѓоковиќ, нарекувајќи ја нашата земја Северна Македонија.

Се приклучувам на поканата на нашиот премиер Зоран Заев и во името на сите граѓани на Република Северна Македонија упатувам јавна покана до Вас и Вашето семејство да бидете гости во нашиот преубав Охрид и да уживате во нашето Охридско Езеро и сите уникатни природни и културни богатства“, напиша Георгиески на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This