По Косово, Гренел во вторник во посeта и на Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалниот пратеник на претседателот на САД за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, ќе пристигне во Белград во вторник, на 22 септември, пренесуваат медиумите.

Пристигнувањето на Гренел е директно поврзано со договорот потпишан во Белата куќа на 4 септември, кој, меѓу другото, предвидува отворање на канцеларијата на Меѓународната финансиска корпорација за развој (ДФЦ).

Со ова практично започнува реализацијата на економскиот дел од договорот.

Предвидена е средба помеѓу Гренел и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пишува Блиц.

Ден претходно, во понеделникот, Гренел ќе пристигне на Косово заедно со уште 13 други американски официјални лица, пренесува Газета Експрес и пренесува КоССев.

Делегација на Американската меѓународна финансиска корпорација (ДФЦ) исто така доаѓа во Србија .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This