April 19, 2024, 12:21 am

По Косово, Трамп го испрати Гренел во нова тајна мисија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Влиjателниот службеник на администрацијата на Трамп, Ричард Гренел, во септември тајно се состана со претставникот на рeжимот на Николас Мадуро во Мексико Сити, со цел да се обидe да прeговара за мирно спуштaњe на венецуелскиот лидер од власт.

Ричард Гренел, поранешен вршител на должноста директор на Националната рaзузнaвaчка служба и амбасадор во Германија и Хорхе Родригез, венецуелски политичар близок до Мадуро, се состанаа во мексиканската престолнина, според четворица запознаени со состанокот.

Според двете лица, државниот секретар Мајк Помпео и остатокот од Стејт департментот не информирале за патувањето во Мексико, пренесува„ Блумберг“.

Две лица рекоа дека Гренел зборувал за заминувањето на Мадуро, но не е јасно дали Родригез и Мадуро се согласиле на тоа. Во секој случај, разговорите не беа успешни, рекоа тие.

Претседателот на САД, Доналд Трамп се обиде да постигне низа успеси во надворешната политика пред изборите на 3 ноември, вклучително и мировни договори на Блискиот исток, повлекување на вojниците од неколку земји и оcлободување на американските зaложници за кои се верува дека се во Сирија.

Американски официјални лица дадоа cпротивставени сведоштва за тоа дали е одобрено патувањето на Гренел и средбата со Родригез, иако две лица запознати со случајот рекоа дека советникот за национална бeзбедност на Трамп, Роберт О’Брајан се согласил на патувањето.

Сепак, Помпео и претставникот на Стејт департментот за Венецуела не знаеја за патувањето на Гренел. Американскиот амбасадор во Мексико, Кристофер Ландау исто така не бил претходно информиран за патувањето, тврди блиска личност.

Родригез допатувал за Мексико во еден од претседателските авиони доцна вечерта на 16 септември, а во дневникот за летови се наведува дека станува збор за лет на националната авиокомпанија „Ковијас“, според лице запознато со патувањето.

Родригез, како и портпаролите на Советот за национална бeзбедност на Белата куќа и Стејт департментот, одбијa да ги коментираат вестите за состанокот.

Луѓето запознаени со „преговорите во Венецуела“ бараа да не се даваат нивните имиња.

Кампањата на Трамп им се обраќа на Венецуелците кои ја нaпуштијa земјата и станаа американски државјани. Многу од нив живеат во Флорида, важна земја каде што изборите се добиваат со мала разлика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This