По лиkвидацијата на претседателот, САД ја заcилија безбедноста во својата амбасада на Хаити

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската Влада испрати повеќе безбедносен персонал на Хаити за да ја заштити својата амбасада. Одлуката е донесена поради дестабилизација на ситуацијата на Хаити по атентатот врз претседателот Жовенел Моиз.

Како што пренесуваат странските агенции, помалку од 20 американски чувари се испратени на Хаити.

„Иако САД често испраќаат дополнителни сили, вклучително и маринци, во своите амбасади низ целиот свет за време на кризи, распоредувањето дополнителна безбедност е знак на зголемено ниво на несигурност по убиството на Моиз“, пренесуваат агенциите.

Претседателот на Хаити Моиз беше смртно ранет во ненадеен напад врз неговата резиденција на 7 јули.

Вршителот на должноста премиер Клод Жозеф го повика населението да се смири, уверувајќи дека безбедносната состојба е под полициска и воена контрола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This