ПО „МEТЛИЧETO“ ВО ВЛАДА, МACOВНА СМЕНА НА ДИРЕКТОРИ: Заев најави cмeнa на над 20 директори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев најави дека идната недела ќе продолжи со смените на функционерите од вториот и третиот ешалон.


Рече дека во тек се разговори со поголем број на директори и дека некаде до 9 јули може да се очекува смена на 20 до 25 директори. Ваквата изјава премиерот ја даде денеска на промоцијата на системот за електронска наплата на патарините.

Минатата недела веќе беа сменети министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за култура Асаф Адеми, за финансии Драган Тевдовски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, за рамковниот договор Хазби Лика и за регулатива и инвестиции на домашни фирми Зоран Шапуриќ.

Владината реконструкција Заев ја најави уште по првиот круг на претседателските избори, како одговор на нeзaдoвoлcтвoто на гласачкото тело и како примена порака од граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This