ПО НАЈАВАТА ЗА БЛОКАДА ОД ФРАНЦИЈА: Заев најави дека ќе му го омекнувал срцето на Макрон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премирот Зоран Заев денеска изјави дека очекува Македонија следната недела да добие датум за почеток на прегворите за членство во ЕУ. Се надева дека со чекорите што ги презема земјава, ќе ги убеди сите кои се уште имаат одредена резерва за проширувањето на ЕУ.

– Се надевам сите наши пријатели во ЕУ, ниту една земја од ЕУ нема да останат рамнодушни на пријателството на европскиот манир кој Македонија го демонстрира она што е толку потребно за целиот Балкан, за ЈИЕ и за цела Европа. Европа е основа на вредности, на можни европски решенија и верувам дека нашата иако мала земја Република Македонија на Европскиот континент држи позитивна лекција преку европско однесување и градење на пријателство, изјави Заев на означувањето на почеток на градежните активности на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, одговарајќи на новинарско прашање во однос на воздржаноста од страна на Франција за одредување датум за прегвовори за почеток на пристапните прегвоори со ЕУ.

Заев истакна дека се надева оти Македонија со својот европски манир преку изнаоѓање на решенија и решавање на идентитетски прашања ќе ги разоружа сите кои се уште имаат одредена резерва за проширувањето на ЕУ.

– Знам дека вчера холандскиот Парламент донесе позитивна одлука за нашата земја. Се надевам дека тоа ќе се случува и во иднина и за Албанија зашто и тие работеа многу како држава, но пред се што се однесува за нашата земја се надевам и Франција и другите земји ако имаат резерва, ќе го направат преломот заради тоа што реформи се прават и во ЕУ, но можат паралелно да се прават додека Македонија преговара за членство. Поглавјата и преговорите ќе траат со години, а унапредувајќи се како држава Македонија може да помогне и во унапредувањето на Европа паралелно терајќи ги преговарачките процеси. Јас се надевам дека ќе омекне и срцето на претседателот на Франција Макрон, ги разбирам внатрешните дебати кои се отвораат во Франција, но Франција е наш голем пријател. Ако Германија, Франција, Велика Британија, Италија и други земји одат напред, тогаш и Европа ќе се движи напред, а мотивацијата на нашите граѓани ќе биде уште поголема, додаде Заев.

Според него, очекувањата се позитивна одлука која во најмала рака ќе дефинира потврдена препорака за започнување преговори, почеток на скринингот на целиот овој процес.

– Во духот на целото разбирање се надевам на позитивна одлука која ќе дефинира подготвеност на одржување и на меѓувладините седници од кои произлегува секако и датумот за преговори. Јас сум оптимист, знам дека Европа нема да пропушти да ја охрабри и поддржи Македонија и сите нејзини граѓани за сето она што го правиме за наше подобро заедничко живеење, изјави премиерот Зоран Заев.(МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This