ПО НЕКОЛКУ НЕДЕЛНИТЕ ПРОТЕСТИ: Владата ја сyспендираше рефромата на старосната граница за пензионирање во Франција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Француската влада е „подготвена привремено да ја отстрани клучната возраст од 64 години од законот за пензиски реформи додека го задржува принципот на урамнотежена возраст”, напиша премиерот Едуард Филип во писмото испратено во саботата до синдикатите и организациите на работодавачи, јавува дописникот на МИА.

-За да ја демонстрирам мојата доверба во социјалните партнери и без прeдрасуди за исходот од нивната работа во врска со мерките што треба да се преземат за постигнување финансиска рамнотежа во пензискиот систем до 2027 година, јас сум подготвен да ја повлечам од предлог законот краткорочната мерка што ја предложив, а која се состоеше од постепено конвергирање од 2022 година за рамнотежната возраст од 64 години во 2027 година, напиша шефот на француската владата во своето писмо, на 38-от ден на мобилизација против оваа реформа.

Премиерот, исто така, посочува дека конференцијата за финансирање ќе ги донесе своите заклучоци до крајот на април. Овој распоред ќе овозможи заклучоците од конференцијата да бидат земени во предвид пред гласањето за нацрт-законот за реформа на пензискиот систем во второто читање. Шефот на француската Влада, исто така, предлага оваа конференција, предложена од синдикатот ЦФДТ, да биде претседавана од Жан-Жак Марет, поранешен генерален директор на Ажирк-Арко.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This