April 25, 2024, 10:58 am

По нaпaдот врз Бислимоски, се огласија од РКЕ – еве во каква состојба e претседателот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски е добар, колку и да е тоа соодветен збор по инцидентит кој се случи синоќа каде тој беше нападнат во центарот на градот. Нападот е пријавен во МВР, информира портпаролот на РКЕ Марина Узунов.

-Сакам да ја информирам јавноста дека како и до сега така и од сега РКЕ ќе продолжи да работи транспарентно согласно законот затоа што основен постулат во нашето делување е заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност и стабилност во електро енергетскиот систем. Единствено по што се водиме е словото на закнот, така и ќе продолжиме да ги водиме постпките врз основа на силата на аргументите, а не на физичка сила, изјави Узунов за МИА.

Нагласи дека претседателот на РКЕ Бислимоски инцидентот го пријави во соодветните институции.

Како што информира претходно МВР, во СВР Скопје синоќа во 23:54 часот М.Б. (45) од Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ. (28) од Скопје.

Од МВР за МИА информираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This